Компанијата „Фиат крајлсер аутомобилес“ (ФЦА) повлекува 862.560 автомобили во САД како последица од истрагата за емисија на штетни гасови што ја спроведува американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА).
Агенцијата соопшти дека повлекувањето на возилата ќе се реализира во фази во текот на годинава.
Ќе бидат повлечени моделите Jeep, Dodge, Chrysler и SUV, произведени од 2011 до 2016 година.
ФЦА во јануари се согласи да плати околу 800 милиони долари за казни и трошоци поврзани со спогодби во рамки на тужбата која против компанијата ја поднесоа неколку американски сојузни држави, сопственици на автомобили и американското Министерство за правда, а во која се наведува дека пикапите на „Фиат“ како и моделите SUV на дизел погон ги прекршиле правилата за чист воздух.