Сашо Дуковски, адвокатот на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков по изрекување на пресудата со која неговиот клиент доби 18 години затвор, највисока од сите обвинети за „„27 Април“, рече дека е очекувана.
-Погодив дека ќе биде голема казната, сите мои предвидувања беа потврдени. Чавков беше однесен во притвор со незаконита одлука, тоа укажуваше на драконска казна, која денеска ја доби. Две години помалку од законскиот максимум, тоа го знаеме уште од почетокот на овој процес и не е изненадување ниту за мене ниту за обвинетиот, рече Дукоски.
Според него, пресудата не е производ на утврдена фактичка состојба и истата ќе биде обжалена во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.