Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска им изрази сочувство на семејствата на жртвите, истакнувајќи дека е тажен поради убиствата на невини луѓе додека мирно се молеле во џамии на Нов Зеланд.
– Денеска и секој ден мораме да се обединиме против антимуслиманската омраза и сите облици на нетрпеливост и терор, напиша Гутереш на Твитер.
Во денешниот терористички напад врз двете џамии на Нов Зеланд загинаа 49 лица, а повредени се над 40.