Кинески инвеститори во 2007 година имале мнозинска сопственост во речиси 5.000 компании во Европската Унија, а за 10 години тој број се зголемим на повеќе од 28.000.
Само во 2017 година тие во ЕУ извршиле 114 аквизации или спојувања, а концентрирани се во неколку сектори – ИТ, автомобилизам и аеронаутика.
И инвеститорите од Индија во истиот период значително го зголемиле бројот на фирми кои ги контролираат, и тоа од 2.000 на 12.000, а руските инвеститори од 1.600 на 12.000.
Во извештајот што го објави Европската комисија пишува дека странските сопственици контролираат речиси три отсто од компаниите во ЕУ и 35 отсто од имотот, а вработуваат околу 16 милиони работници.