Мерко се вози во ново Ауди А6 вредно 67.000 евра
Општина Струга го поднови возниот парк.Градоначалникот Рамиз Мерко се вози во ново Ауди А6 вредно 67.000 евра а набавени се и една Шкода Октавија лимузина со пет седишта за речиси 19.000 евра како и два автомобили Шкода Рапид исто така лимузини со пет седишта за цена од 28.500 евра.Градоначалникот Мерко вели дека набавката на автомобилите била неопходна бидејќи старите возила биле во дефект и хаварисани.
Струшкиот градоначалник Мерко потенцира дека не станува збор за луксузни возила ,додавајќи дека минатата администрација повеќе пари потрошила за сервисирање отколку да купела нови автомобили.
Мерко потенцира дека со буџетот за 2018 година предвидено било да се купат нови возила за нормално функционирање на локалната самоуправа. Инаку договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денеска беше објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки.