Петмина мигранти се пронајдени во возило во интервенција на полицијата во близина на Миравци, а подоцна е пронајден и приведен и 41-годишен скопјанец, кој им помагал.
Полицијата вчера во 20:30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје во близина на клучката Миравци запрела патничко возило „Алфа Ромео 155″, а возачот и дел од патниците-мигранти, кои се превезувале во истото се дале во бегство, додека во возилото биле пронајдени пет мигранти. Едниот од петмината бил од Авганистан и четворица од Пакистан.
По преземени мерки и извршено пребарување на теренот, од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен Е.Е.(41) од Скопје, по што тој и мигрантите биле предадени во полициската станица за граничен премин Богородица за понатамошна постапка.
При преземање на службени дејствија полицискиот службеник Л.М.(37) od чешкиот контингент, кој и помага на македонската полиција на јужната граница, се здобил со повреда во пределот на раката и му била укажана лекарска помош.
По документирање на случајот, ќе следат соодветни поднесоци