После низата на лоши резултати во германската Бундес лига и елиминацијата од Лигата на шампионите, управата на клубот од Гелзенкирхен одлучи да му врачи отказ на тренерот Доменико Тедеско.
Се чини дека тешкиот пораз од 7:0 на реванш натпреварот во осмина-финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити ја прелеа чашата, по што неколку дена подоцна Шалке му врачи отказ на Тедеско.
Привремен тренер на Шалке ќе биде Хуб Стивенс кој ќе ја предводи екипата на дуелот против Лајпциг во Бундес лигата.