На Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” утре во Белград во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, свечено ќе му биде врачена наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.
Како што соопштија од ИФФК „Браќа Манаки”, оваа престижна награда ја доделува Меѓународната асоцијација на кинематографери (ИМАГО), на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди, а нашиот фестивал е единствената институција на која и е доделено ова високо признание.
Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благој Куновски – Доре ќе присуствуваат на овој, како што се посочува, извонредно значаен настан за фестивалот и за македонската култура.
На истата свеченост ќе им бидат доделни награди на познатиот американски кинематографер Едвард Лакман (Edward Lachman) за животно дело, на Рејчел Морисон (Rachel Morrison), кинематограферка од САД и на оскаровецот Дејвид Стамп (David Stump)за извонредни технички достигнувања, информираат од ИФФК „Браќа Манаки.