Популарното дуо Next Time ќе настапи на големиот концерт на Влатко Лозаноски на 23ти март во ВИП арената, како специјални гости.
Браќата Стефан и Мартин се со години на македонската музичка сцена и во последно време со нивните песни достигнаа милионски прегледи на Јутјуб со препевите на традиционалните песни „Ја излези Ѓурѓо” и „Слушам кај шумат шумите”, за сега конечно да настапат во живо и тоа со нивниот долгогодишен колега и пријател Лозано, на голема и спектакуларна сцена.