Холандската компанија за дигитална безбедност „Гемалто” работи на дебитна картица која ќе овозможи безбедно пазарење по пат на вграден биометриски скенер за отисок од прсти.
Доколку се стави палецот преку скенерот на картицата, потоа при допир на кој било терминал каде е овозможено такво плаќање може да се изврши нормална трансакција.
Футуристичкиот платен систем наскоро ќе биде тестиран во реалниот свет. Британската банка „Нетвест” во текот на следниот месец почнува со испитување на системот, кога 200 клиенти ќе добијат нови картици.
„Гемалто” тврди дека податоците за отисок од прстите никогаш не ја напуштаат локалната меморија на картицата и поради тоа се позаштитени од хакерски напади. Но ниту еден систем, биометриски или не, не може да гарантира 100 процентна заштита на личните податоци, па дури и отисокот од прстите може да се открие или украде.
Сепак, во споредба со ПИН-от сложеноста на единствениот отисок од прстот веројатно ќе биде многу побезбедна.