Сирени за тревога се огласија ноќеска во Тел Авив по ракетниот напад извршен од правец на појасот Газа.
Израелската армија соопшти дека „најверојатно” биле испукани два проектила од појасот Газа.
Тоа е биде првпат Тел Авив да биде цел на ракети од војната против екстремистите во Газа во 2014 година.
Израелскиот телевизиски канал „10 вести” објави, повикувајќи се на неименувани воени претставници, дека станува збор за ракети Фаџр од иранско производство.