Брентон Тарант, терористот кој уби 49 верници во две џамии во Крајстчрч во Нов Зеланд објавил манифест на 74 страници, од кој може да се заклучи дека бил опседнат со супериорноста на белата раса во однос на другите, особено на Муслиманите и дека е инспириран од делата на норвешкиот десничар, Андерс Беринг Брејвик, кој во 2011 година во Осло извршени масакр при што загинаа 77 лица.
– Сакам да им покажам на освојувачите на нашата земја дека никогаш нема биде нивна земја, нашите татковини се наши и дека се додека живее белиот човек, тие никогаш нема да ги освојат нашите земји и никогаш нема да ги заменат нашите луѓе. По дефиниција, тогаш да. Тоа е терористички напад. Но верувам дека тоа е партиска акција против окупаторската сила, пишува Daily Mail.
Тарант во манифестот исто така го споменува учеството на САД и НАТО на настаните во Косово. Нарекувајќи го процесот Балканизација, Тарант пишува дека “нема да дозволи никогаш повеќе да се повтори САД и НАТО да се борат на страната на муслимани и да убиваат Христијани во Европа“.
Како еден од главните оправдувања за нападот во манифестот е наведена одмазда за убиството на 11-годишната Ебе Акерлунд во терористички напад во Стокхолм во 2017 година кога Узбекистанецот Рахмат Акилов со камион влета во толпа и убичетири лица. Тој напишал дека девојчето се вратило од училиште кога била убиена од исламист.
– Повеќе не можев да ги игнорирам нападите. Тоа се напади врз мојот народ, напади врз мојата култура, напади врз мојата вера и врз мојата душа. Не можат да се игнорираат, напиша тој.
Кога седнал во автомобилот, Тарант рекол: “Нека започне забавата”, а возејќи кон џамијата ја слушал српската песна „од Бихаќ до Петровац село”, во која се спомнува Радован Караџиќ. Во песната се повикува осудениот воен злосторник да „ги води своите Срби во борбата против Усташите и Турците“.
Тарант, како што пишува „Дејли Меил“, израснал во Графтон, мал град во Нов Јужен Велс во Австралија. Неговиот татко, професионален атлетичар, починал во 2010 година од рак. Имал 49 години. Неговата мајка се уште живее во Австралија. Тарант учел во локалното училиште, а потоа работел како тренер во локалната теретана. Бил ригорозен што се однесува до прехраната и вежбањето. Таа работа ја добил во 2009 година. Таму работел до 2011 година, кога дал отказ за да патува седум години низ светот. Бил во Европа, југоисточна и источна Азија, а меѓу другото и во Северна Кореја.
Не е познато кога станал верски фанатик.