Јувентус славеше со 3:0 на дуелот против Атлетико Мадрид, а херој на „Бјанконерите“ беше Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик.
Посебно интересна беше прославата на еден од погодоците на Роналдо кој што се чини дека ја копираше прославата на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој на првиот натпревар, прослави гол покажувајќи кон меѓуножјето.
Се појави информација дека поради ова Португалецот би можел да биде казнет од УЕФА, поради непристојната гестикулација при прославата на голот. Исто така, според гласините, наводно на Роналдо му се заканувала суспензија од еден натпревар, меѓутоа речиси сигурно нема да дојде до тоа.
Доколку се покаже дека таквата прослава на голот, односно гестикулацијата е упатена кон навивачите на Атлетико, тој ќе добие парична казна, а во друг случај, нема да бидат превземени никакви дисциплински мерки против ѕвездата на Јувентус.