Одбраната на насилството од 27 април покажува дека матрицата на Груевски функционира преку Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ
Со ставот дека казните против злосторниците во Нирнбершкиот процес биле драконски, ВМРО-ДПМНЕ и денеска застана во одбрана на фашизмот и злостроствата направени во Втората светка војна.
Освен во одбрана на фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно се во одбрана на насилствата од 27 април наместо да ги осудат.
27 април е еден од најтрагичните датуми од независноста па до денес.
Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство!
Тоа докажува дека матрицата на Никола Груевски за насилство, криминал и конфликти функционира и денес преку Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Заврши времето кога се нарачуваа и монтираа случаи, кога се вршеше политички прогон и кога се диктираа и пишуваа пресуди надвор од судовите, најчесто во белиот дворец.
Денес, обвинителството и судството работат независно и професионално, постапуваат согласно законите, во интерес на граѓаните, во служба на законите и правдината.
Република Северна Македонија е правна држава.
Мора да има правда. Одговорност мора да понесат сите оние кои го нарачале, организирале и извршиле насилството.