Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, денеска соопшти дека чуствува вознемиреност од тоа што конечно профункционира правната држава и што се расчистува еден од најтрагичните настани во поновата македонска историја, соопшти СДСМ.
„Наместо да се крие зад задоцнети евтини политички изјави Силјановска треба да одговори:
Дали како професор по правни науки не смета дека на 27 април брутално беше нападната демократијата?
Дали на 27 април во Собранието имаше обиди за убиство?
И дали се срами што е поддржана од политичка структура која има крвави раце?
Лицемерно е Силјановска да зборува за селективна правда, кога зад неа стои партијата која е симбол за селективност, партизација и притисоци врз судството и обвинителството.
Очигледно е дека Силјановска исто како и Мицкоски го брани насилството и останува посветена на матрицата на Никола Груевски, матрица на насилство, криминал и конфликти“ наведува партијата.