Сè повеќе станува тренд или, можеби, и реална потреба да се храниме здраво и балансирано. Брзото темпо на живот како да ни наметнува и брзи оброци, но што ќе се случи доколку тие брзи оброци може истовремено да бидат и здрави и функционални?
Тоа значи дека тие ќе изобилуваат со полезни масти и хранливи материи, без притоа да го оптоваруваат нашиот организам. Добар пример за функционална храна се и пробиотските јогурти.
Повеќето од нас во фрижидер имаат јогурт што ќе го испијат затоа што уживаат во вкусот или затоа што претставува добар извор на калциум и други материи, кои имаат позитивно дејство врз нашиот организам. Она што многумина не го знаат е дека постојат јогурти што се функционални производи и содржат пробиотски култури, кои го регулираат проблемот со варењето и со надуеноста.
Пробиотските култури, олигофруктози и инулини, содржани во функционалниот јогурт го забрзуваат работењето на цревата, а покрај тоа ја зголемуваат и апсорпцијата на витамини и минерали во вашиот организам и ги хранат добрите бактерии во цревната флора. Не треба да посегнувате по пробиотски јогурт само кога ќе настане проблем, затоа што тој има и превентивна функција во одржувањето на балансот во организмот.
Пробиотски јогурт ја има потврдено својата ефикасност во воспоставувањето рамнотежа во дигестивниот систем. Клиничките истражувања спроведени , потврдуваат дека јогуртот го регулира варењето по само 10 дена редовно користење, затоа што содржи комбинација од пробиотици и пребиотици, кои поволно влијаат врз дигестивниот тракт, го поттикнуваат варењето и метаболизмот го прават поактивен.