Четворица се повредени во судир на два автомобила, вчера во скопската насела Аеродром, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 19.30 часот на крстосница од булеварот Јане Сандански и улицата Васко Карангелевски. Тогаш се судриле „фолксваген поло“ сопственост на МВР, а управувано од М.Г.(28) и автомобил „пежо“, што го управувал Г.С.(37) од Скопје.
Во незгодата се повредени возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош.
Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.