Масовниот антивладин протест, кој почна во 11 часот во Тирана, сепак не минува мирно, како што се одвиваше во првите три часа.
Инцидент се случи пред Парламентот, кога дел од демонстрантите се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, поради што полицијата мораше да употреби солзавец а потоа и водени топови. Учесниците во протестот фрлаат тврди предмети кон полицискиот кордон.
Состојбата пред Парламентот и понатаму е тензична.
Инаку, демонстрантите се собраа пред Владата, каде со неколку несупешни обиди да се турне железната ограда пред објектот мина мирно, со барање за оставка на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе предвремени парламентарни избор.
Поддржувачите на опозицијата овој пат ја обвинуваат Владата за корупција и организиран криминал.
САД и ЕУ ја предупредија опозицијата да не го користи или поттикнува насилството и да седне на преговарачка маса.
Опозицијата бараше дозвола протестот да трае 48 часа, но полицијата го отфрли таквото барање.
На овој, според опозицијата, најмасовен протест досега, најавен дека „пишува историја”, не изостанаа повиците „Рама оди си”, „Рама криминалец”, како и транспаренти на кои Рама се идентифкува со Мадуро и со Чавез.