Лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо изјави синоќа дека веќе воспоставил контрола врз нафтената корпорација Ситго (Citgo) каде главен акционер е венецуелската државна нафтена компанија „Петролеос де Венесуела” .
-Властите сакаа да украдат се, но ние веќе имаме контрола врз Ситго и лиценца за продолжување на работата на компанијата каде спасивме една важна национална актива, напиша Гуадо на Твитер.
На 23 јанаури Гуади се прогласи за в.д претседател на државата и беше признат од САД и голем број други држави. На 28 јануари САД воведоа санкции против Петролеос де Венесуела. На Ситго, американска филијала на Петролеос, му беше дозволено да продолжи да работи во САД.