Повеќе илјади луѓе се собраа денеска на протестен марш во Мадрид во знак на поддршка за каталонските политичари и активисти на кои им се суди пред шпанскиот суд поради обид за одвојување на Каталонија од Шпанија.
Протести за поддршка на уапсените каталонски лидери се одржуваат во Каталонија, како и во некои европски градови, но ова е прв поголем марш на сепаратистите во Мадрид.
Организаторите очекуваат присуство на 50.000 приврзаници, од кои повеќето пристигнале со 500 автобуси од Каталонија.
Властите во Мадрид ангажирале повеќе од 500 полицајци, вклучувајќи ја и единицата за разбивање на демонстрации.