Планирам да го држам прашањето за името отворено, ќе формирам меѓународна група на експерти кои ќе напишат извештај за кршење на националното и меѓународното право и ќе делуваме по тие наоди, изјави Гордана Силјановска Давкова во интервју за белградска Политика.
-Предупредувавме дека промената на името не ги решава клучните прашања, а ја отвара Пандорината кутија на внатрешните судири и ја одалечува земјата од реформи. Отвореното писмо го потпишаа седумдесетина многи значајни имиња, вклучувајќи го и Милан Кундер. Преспанскиот договор како колатерална штета има за цел рушење на уставниот систем. Нема сега простор за да ги набројам сите инстанци на кои се прекршени законите, но прекршена е Виенската конвенција за меѓународни договори. Референдумот беше приказна за себе. Македонија денеска има октроиран устав, кој не е демократски договор. Власта не само што се одрече од постоење на македонското малцинство во соседните држави, туку и на македонскиот народ му го поништија правото за самоопределување(остварено 1944 година). Македонците се изедначени со помалите етнички заедници. Атрубутот „македонски“ се употребува само во етничка смисла, а никој не знае како се вика нацијата/демосот на оваа држава. Сите тие работи се принципелни, а не од политичка или партиска природа.
Планирам да го држам прашањето за името отворено, ќе формирам меѓународна група на експерти кои ќе напишат извештај за кршење на националното и меѓународното право и ќе делуваме по тие наоди. Кога зборуваме за европските интеграции, власта го изгуби компасот, туркајќи го Преспанскиот договор, покажа тотална неспособност да спроведе и една реформа. Македонија назадуваше и не е чудно што од Брисел доаѓа порака дека се уште не сме подготвени за почеток на преговори. Поларизацијата на двете најголеми македонски партии ги подели и македонските граѓани, па се стекнува впечаток дека клучните одлуки можат да ги донесат само албанските партии кои се во власта. Зошто Македонците не се обединат? Ако уште во 2001 година, па и порано меѓуетничката поделба беше најголем проблем за кохезија на земјата, последните години се поделија Македонците. Јас се обидувам да ги обединам граѓаните околу идејата за владеење на правото и правдата, што е и мое мото. Демократијата бара граѓани и мораме да се спротивставиме на власта која во своите раце има и тајни служби и медиуми, па дури и симпатии на меѓународната заедница како награда за добро завршената работа, вели Силјановска.
Целото интервју може д го прочитате на следниот линк: политика