Јане Ченто го вратил решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија и напишал дека нема да прима документи на кои пишува Република Северна Македонија. Ченто вчера беше осуден на 15 години затвор за„крвавиот четврток“ и пообјавата на пресудата рече дека нема да бара да му биде определен кужен притвор бидејчи си лажна полициска белешка и бил вратен во „Шутка“.
Тој преку неговиот адвокат, Дончо Наков, се обрати со писмо до јавноста.
„Почитувани браќа, сестри и пријатели, денес се случи тоа што и се очекуваше во држава во која владее хунта и режим, како што не е видено во Македонија, но имам да порачам нешто. Браќа и сестри, никој не е вечен, така и оваа криминална хунта ќе си оди еден ден, им се гледа крајот. Ако мислат дека ќе ме замолчат со тоа што ме осудија 15 години затвор, се лажат. Има начин и од затвор да ја водам оваа борба против оваа хунта и верувајте, нема ни еден ден да се откажам од борбата за Македонија. Пренесете им надвор, еден ден ќе паднат ама нема да бегаат од Македонија, туку ќе одговараат за сите злодела што ни ги направија и нас и на македонскиот народ. Македонија ќе се разбуди за брзо време, а тогаш ќе изгрее ново сонце на слободата.Им благодарам на сите мои роднини и пријалите кои изминативе месеци ми помагаа. Нема да ги спомнам поради нивна лична заштита од оваа хунта, за да не ги прогласи и нив за терористи.
Пренесете му на Крсто, Сашо и останата багра дека тоа што си сееле тоа и ќе си жнеат еден ден, а тој ден ќе дојде многу брзо. Животот е долг, борбата за Македонија никогаш нема да запре во моето срце. Пријатели мои да се живи и здрави и верувајте ќе дојдат подобри времина. Главата горе, горди мои Македонци.
На Апелациониот суд остануваат посериозни проблеми. Жалам за престојниот срам што падна врз оваа судска власт. И на крај не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.
Вам почитувани судии длабоко ви се заблогодарувам, што искрено дозволивте да се искажеме во овој судски процес. Искрено, не чувствувам огорченост кон вас, разбирам дека во одреден дел бевте хумани и знам дека претседателот во овај судечки совет е човек со голема професионалност и не може да ја сокрие одбивноста кон овие случувања и беше принуден да донесе неправедна одлука.
Да живее Република Македонија.“