(Видео) Мицкоски: Претседателските избори се шанса за да се порази заевизмот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Свети Николе, каде посочи дека претседателските избори се шанса за пораз на заевизмот.

„Овие избори се шанса граѓаните да се изборат за правдата и правдината, за човечкото достоинство и честитост“, рече Мицкоски.

На средбата тој посочи дека бруталноста на неправдата може единствено да се порази со отпор, со неоткажување и борба до победа, за вистинска правда.

„Не смееме никогаш да се откажуваме од она за што мислиме дека е правилно и за што вреди да се бориме“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека мора да се застане цврсто на нозе и да продолжи со борбата. Како ќе минуваат годините, додаде Мицкоски, секој еден од нас ќе може да каже дека сме застанеле цврсто, сме се спротивставиле и победиле.

Треба да знаете
Последни објави