Дачиќ: Го осудувам упадот во РТС, насилството нема да донесе ништо добро

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вечерва во својство на претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) изјави дека упадот на демонстрантите во зградата на Радио-телевизија Србија претставува насилство и остро го осуди истото.

„Секоја слика на насилство е штетна за Србија и го надминува секое политичко право на собири и протести. Насилството никогаш не донело ништо добро за Србија и истото не може да се дозволи“, истакнал Дачиќ во изјава за „Танјуг“.

 

Треба да знаете
Последни објави