МВР: Началникот на СВР Штип осомничен за шверц на мигранти е суспендиран

МВР најостро ги демантира лагите и дезинформациите што на денешната прес конференција ги искажа политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека полицискиот службеник Љ.Т. е началник на СВР Штип бидејќи, токму од МВР, односно во истрагата на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Обвинителството за организиран криминал и корупција тој е осомничен за сторено кривично дело.

-По добиено писмено одобрение од надлежното Обвинителството, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и наложи истиот да биде суспендиран до завршување на дисциплинската постапка. Љ.Т не извршува работни задачи поради користење боледување, а во моментот вршител на должност- раководител на СВР Штип е помошник началникот кој работните задачи ги извршува согласно законот. Веднаш штом ќе биде затворено боледувањето, односно Љ.Т ќе се појави во просториите на СВР Штип, решението за времено отстранување од работа односно суспензија, како што налагаат законските прописи, ќе му биде врачено. Значи, ова е само уште една во низата невистини што ги шири оваа политичка партија, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави