Дел од демонстрантите од вечерашниот протест „1 од 5 милиони“ во Белград упаднале во зградата на Радио-телевизја Србија (РТС), пренесе агенцијата „Танјуг“.
Според оваа агенција, набрзо потоа во зградата дошле и полициски сили. Додека поединци од толпата ги удирале полицајците, тие не реагирале, туку само се распоредиле во зградата.
Еден од демонстрантие ги повикал и останатите да влезат во објектот на националниот сервис. Во моментов се блокирани сите пристапи до РТС. Оние демонстранти кои се внатре велат дека нема да ги напуштат просториите додека не им се дозволи да се обратат на централниот дневник на јавниот сервис.
https://www.facebook.com/N1Srbija/videos/578034232607368/?t=11
Протестите во Србија под слоганот „1 од 5 милиони“ започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ. Според нивната стратешка цел и организација, тие се индиректно продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја спроведува власта.
https://youtu.be/MZQPzpCFi6w?t=12
Тие претставуваат најдолготрајни масовни антивладини демонстрации во Србија од времето на петто-октомвриските промени во 2000 година.