Kандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево учествуваше на граѓанска трибина во Штип.
Како што информираат од СДСМ, во дебатата Пендаровски го посочил значењето и придобивките за граѓаните од интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ.
„Имаме меѓупартиски консензус за членство во НАТО и ЕУ, од декември 1993 година, многу политички гарнитури декларативно се залагаа, но само оваа политичка гарнитура предводена од Зоран Заев успеа да ја донесе земјава на прагот од најсилните сојузи кои некогаш постоеле“, истакнал Пендаровски.
Тој посочил дека ќе биде претседател на сите граѓани и повикал на солидарност и обединување околу стратешките цели.
„Не смееме да дозволиме процесите да не се вратат назад во минатото, во неизвеснота, во изолацијата, далеку од ЕУ и НАТО“, порачал претседателскиот кандидат пред штипјани, говоријќи притоа за другата опција и тоа што тие го нудат.