Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно, суво и топло време, а максималните температури на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Во вторник и среда во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

Треба да знаете
Последни објави