Нови победи за Хјустон и Милвоки, Лејкерси поразени без Леброн

Хјустон Рокетс ги совлада Феникс Санс дома со 108:102 во средба каде што Џејмс Харден остана на скок од нов „трипл-дабл”. Тој ги предводеше „Рокетс” со 41 поен, 9 скокови и 11 асистенции, додека за „сонцата” учинокот на Девин Букер од 29 поени не беше доволен и тие остануваат на дното во Западната конференција.

Еден од фаворитите за овогодинешната титула во НБА, Милвоки славеше на гости против Мајами 113:98, а во второто полувреме, Бакс ги надиграа домаќините со 71-46. Јанис Антетокумпо постигна 33 поени, 16 скокови и 9 асистенции, а имаше добра поддршка и од Крис Мидлстоун, кој постигна 21 поен.

Лос Анџелес Лејкерс без Леброн Џејмс изгубија на гости од Детроит 111:97 и речиси ги загубија математички шансите за плеј-оф. Лангстон Галовеј со 23 поени и Андре Драмонд со 19 поени и 23 скока ги предводеа „Пистонси”, додека за „езерџиите” Џавејл Мекги беше најефикасен со 20 поени и 13 скокови.

Резултати:

Вашингтон – Шарлот 110: 116
Детроит – Л.А. Лејкерс 111: 97
Филаделфија – Сакраменто 123: 114
Мајами – Милвоки 98: 113
Њу Орлеанс – Портланд 110: 122
Хјустон – Феникс 108: 102
Сан Антонио – Њујорк 109: 83
Лос Анџелес Клиперс – Чикаго 128: 121.

Треба да знаете
Последни објави