Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска не е чесна пред граѓаните – молчи за обидите за убиство на 27-ми април, велат од СДСМ по вчерашните пресуди за „крвавиот четврток“.
Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави, а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата…Молкот ја демаскира Силјановска. Гордана Силјановска воошто не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце. Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието, велат од СДСМ.