Некогашната холивудска ѕвезда Хедер Локлир (58) не може да се препознае по годините поминати во борбата со зависноста од алкохол и дроги. Актерката најпозната по улогата на Семи Џо во култната ТВ сапуница „Династија“ од пред три децении по разводото од рокерот Ричи Самбора не може да си дојде на себе.
Речиси да нема година без интервенција на полицијата во нејзиниот дом- било поради предозирање или семејно насилство. Најновите фотографии говорат дека сето тоа оставило длабока трага врз нејзиното тело и дух.