Бајдевски на средба со еврокомесарката за дигитална економија Мариа Габриел

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски се сретна со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

На средбата присуствувале и поранешниот вицепремиер и министер за јавна администрација на Словенија Борис Копривникар,  министерот за иновации и претприемништво на Косово Бесим Бечај и директорот за иновации на националната агенција за информатичко  општество на Р. Албанија, Ромина Костани.

„На средбата се разговараше за важноста на дигиталната програма за Западен Балкан и за развојот на регионот. Дигиталната програма за Западен Балкан овозможува реализација на многу проекти во дигиталната сфера. Габриел ја повтори заложбата за намалување на цените во  роаминг. Посебно внимание на состанокот се посвети и на развојот на дигиталните вештини, како фактор за задржување на младите во нашата земја, но и како основа за подобар економски развој“, информираат од МИОА.

Треба да знаете
Последни објави