Пијан маж со апарат за гаснење на пожар, во брз воз во Германија ја разбил вратата на кабината на машиновозачот и побарал од него да успори возот.
Германската полиција соопшти дека инцидентот се случил во германски брз воз кој сообраќал од Франкфурт до Париз, јави „АП“.
Триесетгодишниот маж од Хајдеберг, чиијшто идентитет полицијата не го соопшти, бил уапсен, а едно од овиненијата за кои се товари е загрозување на сообраќајот.
Полицијата соопшти дека мажот од ѕидот на вагонот го извадил противпожарниот апарат и со него го разбил стаклото на вратата од кабината на машиновозачот, по што на машиновозачот му кажал дека возот мора да успори и оти дошол за да ги спаси патниците.
Во инцидентот никој не бил повреден, а возот бил исклучен од сообраќај недалеку од Франкфурт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И…
ЕВРОПА
Британска полиција: Синоќешниот обид за убиство е терористички aкт
Објавено пред
20 минути – 17 март, 2019
Од
Британската полиција за борба против тероризам соопшти дека истражува обид за убиство кој ги има сите обележја за терористички напад, инспириран од крајната десница.
Во соопштението на полицијата се наведува дека е уапсен 50-годишен маж.
Како што е посочено, полицијата истражува напад со нож врз 19-годишно момче синоќа во Станвел, на југот во Англија, по наводите дека мажот се однесувал агресивно и извикувал расистички изјави, додека носел палка за бејзбол и нож.
Шефот на одделението за борба против тероризам, Нил Бас вели дека истрагата и понатаму е во рана фаза, но присутни се сите обележја за терористички настан, инспириран од крајната десница, па оттука оценува дека станува збор за терористички инцидент.
Во париската црква Сен Сулпис, чија изградба е почната кон средината на 17. век, а е завршена во 1870 година, денеска избил пожар, поради којшто биле евакуирани неколку лица, јави „БФМ ТВ“.
Се наведува дека огнот ги зафатил главната врата и скалите на црквата која е позната по тоа што беше користена за снимање на сцени во филмот „Кодот на Да Винчи“, според романот на Ден Браун.
THE SAINT SULPICE IN PARIS JUST IGNITED WHILE I WAS INSIDE
ALERTE – L’église #SaintSulpice, dans le 6ᵉ arrondissement de #Paris, est actuellement ravagée par un incendie. (agneswebster – Instagram)
Портпаролот на противпожарната бригада рече дека во моментот на избивањето на пожарот во црквата имало четири лица, пренесе „Ројтерс“.
Во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари, а причините за избувнувањето на огнот не се познати во овој момент.
ЕВРОПА
Владата на Нов Зеланд утре ќе ги разгледува измените на законот за оружје
Објавено пред
4 часа – 17 март, 2019
Од
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн најави дека владата утре ќе ги разгледува деталите за измените на законот за поседување на оружје, а повод за тоа е терористичкиот напад врз џамиите во Крајстчерч кога загинаа 50 лица, а повеќе од 30 се повредени.
Таа рече дека опцијата вклучува забрана за приватна сопственост на полуавтоматска пушка која напаѓачот во петокот ја користел во Крајстчерч.
Истотака спомена дека земјата би можела да откупи од поединци оружје кое евентуално би било забрането, пренесе „АП“.
Граѓаните воглавно ја поздравуваат најавата за поостри закони за поседувањето на оружје.