Силјановска ниту денеска не го кажа својот став: Дали имаше обид за убиство на 27-ми април?
И покрај јасните фотографии, видеа, сведоштва од црниот четврток кога актуелниот премиер Зоран Заев и пратениците на тогашната опозиција, заедно со новинарите и вработените беа нападнати и крвнички тепани од страна на насилниците кои навлегоа во Собранието, а лидерот на Алијансата на Албанците буквално беше влечен целиот облеан во крв, се’ уште не слушнавме јасен став од страна на претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, Дали на крвавиот четврток имаше обид за убиство?
Истовремено не добивме одговор Дали обвинетите лица, од кои дел носеле и оружје, а сега осудени за насилствата во Парламентот требаше да бидат ослободени од гонење?
Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ ниту денес не го кажа својот јасен став околу овие прашања и дали таа ги осудува настаните од крвавиот четврток?
Според експертите, сериозна личност кандидат за Претседател, би требало да има јасен став со целосна, недвосмислена и цврста осуда на вакви настани, особено затоа што не треба да се повторат никогаш повеќе.
Силјановска во повеќе наврати ја спомннуваше амнестијата на лицата кои учествувале во настаните од 27-ми април но не учествувале во насилствата, а која срдечно беше изгласана од мнозинство пратеници, вклучувајќи ги и оние од ВМРО ДПМНЕ.
Настаните од крвавиот четврток, беа осудени од целата меѓународна заедница, чии амбасадори уште вечерта оддржаа предупредувачка прес конференција, особени осуди пристигнаа од македонските стратешки партнери ЕУ и САД.
Извор: Centar.mk