Џо Бајден, поранешниот потпретседател во мандатот на Барак Обама кој е склон на гафови, се чини дека ја објави својата кандидатура за изборите во 2020 година, но веднаш потоа се поправил, објави Би-би-си.
Тој „се лизнал“ додека се обраќал пред демократите на вечера во својата родна држава, Делавер.
„Ми беше кажано дека ме критикува новата левица“, рече тој и додаде: „Јас сум најквалификуван од сите кои се номинирани“. Потоа Бајден се исправи и кажа: „од било кој што би се номинирал“.
На ова луѓето станаа од своите места и почнаа да викаат: „Кандидирај се Џо, направи го тоа“, а Бајден се насмеа и рече дека не го мислел кажаното на тој начин.
Во меѓувреме, бројот на оние кои се надеваат дека ќе влезат во Белата куќа продолжува да расте – најмалку 14 демократи официјално се во трката – Бајден сега е последниот политичар ветеран кој очигледно има намера да се приклучи во претседателската трка.