По три години жалбeна постапака, Жалбениот совет од механизмот за кривични судови во Хаг (наследник на Хашкиот трибунал), во среда на 20 март ќе ја изрече второстепената пресуда против првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.
Караџиќ во март 2016 година, од страна на судскиот совет на Хашкиот трибунал беше осуден на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и злосторства против човештвото во Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година.