Даночните обврзници во сојузната американска државата Луизијана биле изненадени кога даночната администрација двапати им исплатила поврат на данок поради компјутерска грешка, објавија локални медиуми во саботата.
Федералната управа за приходи ги предупредила примателите на двојната исплата да не ја трошат, зошто треба да вратат сè во рок од 30 дена, пренесува „Индекс.хр“.
„Грешката во системот за електронско плаќање предизвика двојни исплати кај 66.780 луѓе во оваа сојузна држава“, соопштила канцеларијата на својата веб-страница.
Вкупниот износ на двојни исплати изнесува 26 милиони долари. Федералната управа работи во координација со финансиски институции со цел парите да се вратат директно од банкарските сметки на корисниците кои добиле двојна исплата.