Малолетничка претепана од врснички, друга од насилник

Две малолетнички биле истепани од насилник и две малолетни насилнички, во два одвоени случаи вчера и завчера во Скопје.

Според полицијата, вчера во 14.15 часот во ПС Центар, скопјанката Н.Т.(44) пријавила дека истиот ден во 9.30 часот, на улица Киро Крстевски Платник нејзината 17-годишна ќерка била нападната од К.Ж.(22) од Скопје.

Истиот ден во 15 часот во ПС Центар, А.П.(47) од Скопје пријавила дека претходниот ден во 22 часот во угостителски објект на улицата Костурски Херои нејзината 15-годишна ќерка била истепана од две малолетнички, со кои се познавала.

 

Треба да знаете
Последни објави