Севиља официјално го објави враќањето на Мончи како спортски директор на клубот.
Тој ќе стапи на должност на 1-ви април, а во понеделник ќе биде претставен пред медиумите.
Познатиот трансфер гуру помина 17 години како директор во андалузискиот тим пред да се приклучи на Рома во 2017 година. Пред девет дена тој сепак ја напушти функцијата во италијанскиот тим.
Во претходниот период кога тој работеше во Севиља, клубот ја освои пет пати Лига Европа, два пати Купот и по еднаш Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.
Благодарение на него тимот оствари редица големи трансфери на играчи како Даниел Алвеш, Жулио Баптиста, Сејду Кеита, Иван Ракитиќ и Федерико Фацио, купени пред тоа од него за далеку помали суми пари