Најмалку 50 лица загинаа во поплавите што ја погодија индонезиската провинција Папуа, додека 59 лица се повредени, објавија денеска официјални претставници.
Налетот на силниот ветер и дожд започнал во саботата во областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура и за кратко време истиот предизвикал обилни поплави, објави „Њујорк тајмс“.
Се очекува бројот на жртви да се зголеми бидејќи спасувачите трагаат по исчезнати во градот Сентoнo, кој е најтешко погоден од поплавите.