Пендаровски: Заедно со граѓаните создаваме силна и напредна земја, држава која гради добри односи со соседите

Задничкиот кандидат за претседател на нашата држава, Стево Пендаровски денес беше во посета на Охрид.

На трбинина со охриѓани Пендаровски го посочи успехот на државава кој се постигна за релативно краток период. Преку градење на одлични добрососедски односи, преку решавање на долгогодишните спорови Северна Македонија стана држава пријател со соседите и демократскиот свет.

-Благодарение на тоа градење пријателства следуваат бројни економски придобивки за граѓаните. Конечно после 32 години имаме железничко поврзување со Грција и интезивно градење на пругата кон Бугарија.  Наскоро започнува изградба на автопат кој ќе не поврзе со Албанија а веќе се гради автотпатот кон Косово. – истакна Пендаровски.

Република  Северна Македонија станува политички и стратешки лидер на Балканот.-рече Пендаровски на средбата со пензионерите од Охрид.

-Не можеме да напредуваме ако останеме изолирани.  Сите предизвици за мир, стабилност и подобар живот треба да ги водиме заеднички, бидејќи само така може да успееме. Со здружени сили Македонија ја претвораме од држава која решава политички проблеми, во силна и отворена земја со која сите се гордееме. Македонските граѓани со својот претседател ќе бидат лидери на балканското пријателство, на еден Европски Балкан. Јас ќе бидам таков претседател, кој ќе обединува, кој ќе води напред, кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот, во интерес на сите наши граѓани, додаде Пендаровски

Заедничкиот кандидат, за претседател, Пендаровски посетата на балканскиот бисер, Охрид ја заокружи со средба со младите.

Треба да знаете
Последни објави