Комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Мајк Буш информираше дека починал еден од повредените во нападот врз двете џамии во петокот во Крајстчрч, со што бројот на убиените во терористичкиот напад се зголеми на педесет.
Според Буш, во болниците се хоспитализирани уште педесет повредени, од кои 36 потешко. Од нив двајца се во сериозна сотојба.
Денеска пред судот беше донесен осомничениот Брентон Тарант, кој не покажа каење и пред камерите со рацете направи знак за белата супремација.
Буш додаде како верува дека двајцата уапсени во време кога бил уапсен и Тарант не се вмешани во нападот.