Силјановска е на страната што брани криминал и насилство, страната што е против ЕУ и НАТО
Кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска е само продолжена рака на груевизмот на кој му се поклони и кој го промовира, се вели во соопштението на СДСМ.
„Силјановска не осудува насилство, напротив, застана во одбрана на насилниците од 27 април, исто како што тоа го сторија Мицкоски и Груевски. Таа воопшто не се срами што е поддржана од политичка структура чиј врв е главен осомничен за насилниот упад во Собранието кога се случи обид за убиства и обид за државен удар и погазување на уставниот поредок. Силјаноска не е чесна пред граѓаните. Додека лажно се претставува како натпартиски кандидат, длабоко е заглавена во матрицата на груевизмот и ги промовира погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот и насилството“, велат од СДСМ.