Седумгодишно дете било повредено откако било удрено од автомобил, вчера во Дебар.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 18 часот на улицата Зија Мерсовски во Дебар. Автомобил „голф” со дебарски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(35) од Дебар удрил во 7-годишното момче од Дебар.
По сообраќајката детето било пренесено во општата болница во Дебар.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.