Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.
Според првичната информација од СВР Велес, мотоциклистот загинал на самото место на несреќата, а екипа на СВР Велес и јавен обвинител е на местото на настанот и ги утрвдуваат причините за тешката сообраќајна несреќа.
Д-р Слободанка Ристевска од службата за Итна помош во Велес за МИА потврди дека со екипата веднаш по повикот отишле на местото на нестанот, но кога пристигнале мотоциклистот бил веќе починат и тие само ја потврдиле неговата смрт. Во комбето немало повредени.