Петмина повредени во сообраќајка во Берово

Возач и четворица сопатници биле повредени кога автомобилот во кој се возеле излетал од патот и се превртел, вчера во Берово.

Според полицијата, сообраќајката се случила утрово околу 4.30 часот кај месноста Трската во Берово. Д.Ш.(27) од пехчевското село Умлена, управувајќи автомобил „сеат леон” со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и П.П.(23) од Пехчево.

Повредените биле пренесени во Здравствениот дом во Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

Треба да знаете
Последни објави