Петмина повредени во сообраќајката во Ченто

Двајца возачи и тројца сопатници биле повредени во судир на два автомобили, вчера вечерта во Скопје.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 23.50 часот на булеварот Александар Македонски во Скопје.

Автомобил „рено меган” со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.Д.(22) од селото Сопиште се судрил со возило „опел вектра“ што го управувал А.А.(22) од Скопје.

Со повреди се здобиле возачот и сопатниците од „опелот“ Н.А.(19) од и И.А.(22) кои со возила на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде им била укажана лекарска помош.

Возачот и повредената сопатничката во „меганот”, К.Л.(20) биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември” каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави