Полицијата казнила 56 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, вчера во Скопје, а со „пајак” биле кренати 58 непрописно паркирани автомобили во централното градско подрачје.
Како што соопшти МВР, во акциската контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, вчера од 6 до 22 часот, биле откриени 51 останати прекршоци.
Издадени се 75 мандатни и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати.