НУ Турски Театар – Скопје денеска премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа”, која од уметнички, технички и организациски аспект е реализарана од актерите на овој театар.
Со оваа претстава, НУ Турски Театар – Скопје ја започнува програмата за 2019 година, со што продолжува со својата квалитетна и продуктивна работа.
Министерството за култура за НУ Турски Театар – Скопје за 2019 година од буџетот одвои средства за проекти во режија на Васил Христов, Билге Емин и Џабир Доко.
Од раководството на Театарот информираат дека додека ја реализираат програмата за 2019 година, паралелно се подготвуваат и за одбележување на 70-годишнината на НУ Турски Театар – Скопје во наредната 2020 година.
Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија.