Австралиските власти изјавија дека ќе преземат финансиски санкции и ограничувања за влез против седум Руси во врска со инцидентот во теснецот Керч, се вели во изјавата на австралискиот министер за надворешни работи, Марис Пејн, објавена на веб-страницата на австралиското Министерство за надворешни работи.
„Денеска ги објавувам финансиските санкции и забрана за влез во Австралија против седум руски државјави поради нивната улога во следењето и одземањето на украинските поморски пловни објекти кои се обидуваа да поминат низ теснецот Керч. Австралија е загрижена поради оваа ескалација на тензиите во Азовското Море во Ноември 2018 година “, се вели во соопштението.
Понатаму во соопштението, Австралија ја осудува агресијата и ја повикува Русија да ги ослободи притворените украински морнари и запленетите бродови без одлагање како и да дозволи слободно и непречено поминување на украински и меѓународни бродови низ теснецот Керч и Азовското Море.